Науката потврди: Многумина кои прекинуваат со лекови за слабеење, повторно накачуваат тежина

Пациентите на кои им се препишани лекови коишто треба да им помогнат во слабеењето, повторно доживуваат зголемување на телесната тежина по прекинувањето на нивниот рецепт. Истражувањето е објавено „БМЦ медисин“ (BMC Medicine) денеска.
Испитувањата потврдуваат дека луѓето изгубиле значителна количина тежина додека земале лекови против дебелина. Сепак, истражувачите откриле широкоопфатен тренд во враќањето на тежината, почнувајќи од осум недели по завршувањето на терапијата, а потоа продолжувајќи во просек - 20 недели, пред фазата на стагнација. Повторно добиената тежина зависела од неколку фактори, вклучувајќи го видот лекови што ги земале учесниците и конзистентноста на нивната промена на животниот стил, истакнуваат истражувачи од Народната болница при кинескиот Универзитетот на Пекинг.
На пример, учесниците кои завршиле 36-неделен третман со „Мунџаро“ (Mounjaro) за третман на дијабетес и „Зепбаунд“ (Zepbound) за слабеење, повторно добиле речиси половина од претходно изгубената тежина по префрлањето на плацебо.
Научниот труд опфатил податоци за пациенти кои примале лекови за слабеење во 11 испитувања засновани на случајно сместување во групи, од целиот свет. Општо земено, авторите анализирале податоци од 1.574 учесници во групи за третман и 893 во контролни групи.
МИА
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
