Приведени четири возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол
Денеска (27.07.2025) во 03.50 часот во Куманово, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Т.(23) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,64 промили алкохол во крвта.
На 27.07.2025 во 02.40 часот на ул.„Крушевска Република” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.С.(34) од Битола. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „форд” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал А.С., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,80 промили алкохол во крвта.
На 27.07.2025 во 02.00 часот на ул.„Александар Македонски” во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп ја лишиле од слобода Л.А.(32) од Прилеп. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувала Л.А., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно ѝ биле измерени 1,91 промили алкохол во крвта.
На 27.07.2025 во 03.30 часот на улица „Илинденска“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.Ј.(22) од с.Сирково, општина Росоман, затоа што при контрола на патниот сообраќај констатирале дека управувал патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски таблички под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.56 промили алкохол во крвта.
Тие биле исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-
Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија во гостиварско
-
Мајка и ќерка повредени кога нивното возило излетало и застанало на пругата кај Стар Мост во Велес
-
Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор, од нив осум се активни
-
Македонски државјанин пронајден починат во стан во Саранда
-
Во Свети Николе два пожари, а дел од домаќинствата немаат вода за пиење поради голем дефект
-
Приведени двајца малолетници од Струмица, одзеле возило „Форд“
-
Полициски службеници успешно евакуираа припадник на македонската Армија од огнената стихија
-
Активни пожари во кумановските и селата од општина Старо Нагоричане Бељаковце, Стрезовце, Сув Ора и во Руѓинце