ЦУК: Во текот на изминатото деноноќие, се регистрирани 33 пожари на отворен простор
Во текот на изминатото деноноќие, се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор. Како што информираат од ЦУК 12 се активни, пет се ставени под контрола, 16 се целосно изгаснати.
Активни pожари има во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), Општина Прилеп 1 – село Бешиште, место викано Бешишки Рид, со проширување кон с. Градешница (опш. Новаци) и кон границата со Р. Грција (мешана шума), Општина Прилеп 2 – активен крак кон с. Дрен и проширување кон с. Галиште (опш. Кавадарци); делот помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани е под контрола (мешана шума и ниска вегетација); Општина Македонски Брод – помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација).
Понатаму активни се пожарите и во Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума); Општина Петровец – с. Средно Коњаре кај р. Пчиња (мешана шума); Општина Зелениково – с. Гумалево (ниска и мешана вегетација); Општина Крива Паланка – с. Нерав (висока борова шума); Општина Старо Нагоричане и Куманово – с. Облавце, с. Бељаковце, с. Довезенце и с. Јачинце (ниска вегетација);10. Општина Старо Нагоричане – с. Руѓинце (ниска вегетација);Општина Василево 1 – с. Сушево (грмушки и ниска вегетација);Општина Василево 2 – с. Добрашинци (грмушки и ниска вегетација).
Пожари кои се ставени под контрола се во Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева); Општина Македонски Брод 2 – с. Латово (ниска вегетација и деградирана шума); Општина Струмица – с. Баница и населба Софилари (висока трева); Општина Карбинци – с. Јунузлија (шума); Општина Штип – помеѓу селата Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева).
Изгаснати се пожарите во Општина Сарај 1 – с. Семениште (стрниште и гранки); Општина Сарај 2 – с. Паничари (сува трева); Општина Гази Баба – с. Трубарево (стрниште, грмушки и сува трева); Општина Шуто Оризари – ул. Брсјачка Буна (дива депонија); Општина Кривогаштани – кај депонијата во Кривогаштани (сува трева и грмушки); Општина Струмица – м.в. Три Води (ниска вегетација и мешана шума);7. Општина Василево – с. Василево (ниска вегетација); Општина Струга 1 – с. Калишта (ниска вегетација и ѓубриште); Општина Струга 2 – с. Октиси (депонија);Општина Штип – м.в. 9-ти км (сува трева); Општина Карбинци – с. Радање (стрниште, сува трева и штала); Општина Куманово 1 – населба Бедиње (ниска вегетација);13. Општина Куманово 2 – с. Табановце (сува трева); Општина Куманово 3 – ул. Никола Тесла (сува трева), Општина Куманово 4 – с. Тромеѓа (сува трева) и Општина Теарце – с. Непроштено (сува трева).
МИА
Ново на Сител
-
Мајка и ќерка повредени кога нивното возило излетало и застанало на пругата кај Стар Мост во Велес
-
Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор, од нив осум се активни
-
Македонски државјанин пронајден починат во стан во Саранда
-
Во Свети Николе два пожари, а дел од домаќинствата немаат вода за пиење поради голем дефект
-
Приведени двајца малолетници од Струмица, одзеле возило „Форд“
-
Полициски службеници успешно евакуираа припадник на македонската Армија од огнената стихија
-
Активни пожари во кумановските и селата од општина Старо Нагоричане Бељаковце, Стрезовце, Сув Ора и во Руѓинце
-
ЦУК: Во текот на изминатото деноноќие, се регистрирани 33 пожари на отворен простор