Преглед на вестите од светот
Израел од денеска ќе ги прекинува воените операции секој ден по 10 часа во делови од Газа и ќе дозволи нови коридори за доставување на хуманитарна помош.
По неколкумесечен меѓународен притисок и предупредувањата од хуманитарните организации за ширење глад во енклавата, светските медиуми јавуваат дека камиони со хуманитарна помош почнале да се движат кон Газа од Египет.
“The way of aid (distribution) is very harmful and dangerous, but we go out for the sake of children, because a child cries, telling you: ‘Uncle, I want a loaf of bread’, it breaks your heart. It feels like a million knives into your heart, a million knives in your heart. We bring a bag of flour with a million deaths, but (we go) for the sake of the children.”
Израел и САД во петокот ги напуштија преговорите за прекин на огнот со Хамас, велејќи дека станало јасно дека милитантите не сакаат договор.
Најмалку 11 лица повредени откако биле нападнати со нож во супермаркет во сојузната американска држава Мичиген.
Нападот се случил околу касите, а паниката брзо се проширила низ целата продавница. Полицијата веднаш пристигнала на местото и го привела напаѓачот чиј идентитет се уште не е откриен
Американскиот претседател Трамп на својот имот на Шкотска попладнево ќе ја пречека Претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен во обид да се договорат за американските царини кон Европската Унија на неколку дена поред истекот на рокот кој го постави САД.
Брисел се надева дека ќе договори царини од 15% што е половина од она што Трамп најави дека САД ќе го воведе од почетокот на идниот месец.
Во пресрет на средбата, американскиот Претседател рече дека е оптимист иако не криеше дека шансите да се постигне договор се еднакви на шансите тоа да не се случи.
САД и ЕУ се најголемите трговски партнери, кои сочинуваат една третина од светската трговија.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар