Фудбал
4. August 2025 - 8:31

Гром удри на фудбалски натпревар во Србија, десет играчи паднале на теренот, од кои еден е тешко повреден

Вчера, во Лозница, Србија, во текот на фудбалски натпревар помеѓу Раднички од Клупци и Цер од Петковица, удрил гром во теренот поради што 11 играчи се полесно повредени.

Десет играчи на домашниот тим се полесно повредени, а играч на Цер е потешко повреден и хоспитализиран.

Инцидентот се случил во моментот кога над Клупци почнало силно невреме.

Во саботата во Чешпка се случи слчен инцидент во градот Опава гром удри за време на фудбалски тренинг на деца. Едно дете е хоспитализирано со тешки повреди додека други седум и еден возрасен се здобија со полесни повреди.