Loading Video...
Свет
4. August 2025 - 12:13

Преглед на вестите од светот

Американскиот претседател Доналд Трамп и канадскиот премиер Марк Карни веројатно ќе разговараат наредните денови откако САД воведоа царини од 35 проценти на стоки кои не се опфатени со трговскиот договор меѓу Америка, Мексико и Канада.

Ова за Си-Би-Ес Њуз го изјави министерот за американско-канадска трговија во федералната влада, Доминик Ле Бланк, и додаде дека е „охрабрен“ од неодамнешните разговори, како и дека верува оти договор за намалување на царините останува опција.

Неколку земји во текот на вчерашниот ден извршија седум воздушни испуштања со 61 тон помош во Газа, соопшти јорданската војска. Во меѓувреме, уште шест лица починаа од глад и неухранетост во Газа соопшти Министерството за здравство, нагласувајќи ја хуманитарната вонредна состојба во енклавата. Новите смртни случаи го зголемија бројот од глад на 175, вклучувајќи 93 деца, од почетокот на војната.

Израел го обвинува Хамас за страдањето во Газа, но, како одговор на зголеменото меѓународно негодување, минатата недела објави чекори за да се овозможи поголема помош да стигне до населението. Агенциите на Обединетите нации соопштија дека дотурот на храна од воздух е недоволен

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека разговарал за подготовките за нов состанок со руската страна во Истанбул. Тој нагласи дека Украина е подготвена за средба на ниво на лидери, ако Русија е навистина решена да ја заврши војната на достоинствен начин и да воспостави долгорочен мир. Според него, клучните прашања опфаќаат продолжување на размената на воени заробеници.

Втор топлотен бран во Шпанија, а метролозите најавуваат зголемување на температурите и на 40 степени и дополнително зголемен ризикот од пожари.

Во Севиља, уличниот термометар достигна 41 степен. Локалното население, туристите, па дури и коњите од кочиите се ладеа пиејќи вода и обидувајќи се да најдат сенка за да се заштитат од жешкото сонце.

Топлите и суви лета се вообичаени во регионот, но поинтензивните топлотни бранови придонесоа за разорни пожари во последните години поради брзото зголемување на температурите низ целиот свет, при што Португалија и Шпанија го имаа најжешкиот јуни досега.

Метеоролошката служба на Велика Британија издаде портокалово предупредување за областа на Шкотска, бидејќи се очекува бурата Флорис денеска да го погоди тој дел од Обединетото Кралство, со ветрови кои би можеле да достигнат до 145 километри на час.