Меџити и Лимани остануваат министри и во кампањата - Гаши неделава ќе распише избори
Министрите Меџити и Лимани кои влегуваат во трка за локалната власт ќе останат да ги вршат функциите и за време на кампањата. Премиерот Мицкоски не гледа ништо спорно во нивната кандидатура. Тоа вели ниту ќе влијае на работата на институциите, бидејќи секој министер има и свој заменик.
Партиите ги прават последните консултаци со кои кандидати ќе ја бараат довербата за локалната власт. Најмногу имиња за изборната трка или повеќе од 50-тина, објави владејачката ВМРО ДПМНЕ. До крајот на август ќе биде комплетиран списокот со кандидати за градоначалници.Опозициската СДСМ веќе објави 30-тина имиња, дел од нив актуелни градоначалници и познати партиски функционери. Списокот и на ВРЕДИ е речиси комплетиран, остануваат преговорите за уште 4 општини каде најавуваат свои кандидати. ДУИ и коалицијата се уште не објавуваат целосен список, но места се оставени и за партиите на Села и Таравари.
Најголемата битка се очекува за Скопје, каде речиси секоја партија најави свој кандидат.Во текот на неделава според најавите , собранискиот спикер Гаши треба да ги распише изборите.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар