Преглед на вестите од светот
Едно лице загина во земјотресот што синоќа ја погоди северозападната турска покраина Баликешир, а беше со магнитуда од 6,1 степени, изјави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, додавајќи дека 29 лица се повредени, а 16 згради се урнале. Спасувачките операции се во тек во Синдирги, област во покраината Баликешир. Земјотресот бил почувствуван во повеќе покраини, вклучувајќи го и најголемиот град во земјата, Истанбул. Министерот соопшти дека 81-годишно лице починало откако било спасено од урнатините од страна на екипите за итни случаи.
Руските сили извршиле напади врз украински воени цели на 134 локации, вклучувајќи го и железничкиот центар во регионот Дњепропетровск за да го спречат засилувањето на украинските трупи во регионот Донбас, и уништиле магацин за беспилотни летала со долг дострел, а започнале офанзиви во насоките на Суми, Харков, Запорожје и Херсон. Украинските сили започнаа напад врз рафинерија за нафта во регионот Саратов, предизвикувајќи експлозии и пожари во објектот.
Бура во југоисточен Висконсин донесе врнежи од дожд, предизвикувајќи големи поплави и поттикнувајќи ја Националната метеоролошка служба да издаде предупредувања за поплави за повеќе окрузи. Поплавата делумно ги потопува железничките пруги под мост во Вауватоса, Висконсин.
Националната метеоролошка служба соопшти дека дождот и бурите почнаа да се развиваат во Ајова и да се движат кон југозападен Висконсин очекување на дополнителни врнежи од дожд и бури.
Речиси 10.000 жители се преселени по ненадејните поплави предизвикани од поројни дождови во кои загинаа 13 лица, а 30 се водат како исчезнати во северозападната кинеска покраина Гансу, објави државната телевизија CCTV утрово. Итни операции за пребарување и спасување продолжуваат. Поројните дождови започнаа во четврток.
Хеликоптери за гаснење пожари се бореа со шумски пожар во северниот шпански регион Навара, додека неколку шумски пожари ја погодуваат земјата поради продолжениот топлотен бран. Различни шумски пожари принудија евакуација на 1.400 луѓе во шпанскиот регион Кастиља и Леон.
Противпожарни екипи и волонтери трет ден се борат за да го локализираат големиот шумски пожар што ја зафати боровата шума во Терцињо во Националниот парк Везув, јужна Италија. Пожарот, кој е широк околу три километри, уништи стотици хектари шума. Властите предупредија дека силните ветрови и стрмниот терен продолжуваат да ги попречуваат напорите за локализирање во еден од најпосетуваните национални паркови во Италија.
Шумски пожар во југоисточно Косово создава проблеми на селаните од причина што пламените јазици можат да ги зафатат нивните домови. Селаните се обидуваат и со импровизирани мерки во гасењето, вклучувајќи стапови за да ги сопрат пламените јазици и истурат вода врз. Пожарот предизвика значителна штета на обработливото земјиште.
Пожар е забележан и во Шкотска во близина на изгаснат вулкан, а локацијата е популарна за пешачење и ја посетуваат многу туристи. Полицијата им советуваше на возачите и пешаците да ја избегнуваат областа.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар