Македонија
12. August 2025 - 13:38

Приведен 43-годишнен кавадарчанец, управувал возило со 2,31 промили алкохол

На 11.08.2025 во 05:35 часот, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода Д.П.(43) од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило фолксваген голф” со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Д.П., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,31 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик - безобѕирно управување со моторно возило”.