Loading Video...
Свет
13. August 2025 - 12:12

Преглед на вестите од светот

Топлотниот бран создана големи проблеми пред се на земјите од Балканот, како тие од јужните делови на Европа. Црногорски војник (41) загина, а друг е тешко повреден при гаснење пожар во реонот на Кучи, на југот на земјата, кога се преврте воена цистерна со вода. Снимките покажуваат големи облаци чад како се издигаат над Буљарица откако пожар избувна низ крајбрежниот град во Црна Гора.

Во изминатите 24 часа, во Србија се евидентирани 181 пожар.

Под сомнение за подметнување пожари во Албанија се осомничени 125 лица, додека 22 се во притвор, изјави Ервин Хоџа, министер за внатрешни работи. Од Грамш, каде состојбата е повеќе од критична тој упати апел до граѓаните да бидат посвесни бидејќи „казните ќе бидат ригорозни".

Премиерот Еди Рама, објави видео-снимка направена од турски дрон „Бајрактар“ на албанското воздухопловство, на која се гледа како лице подметнува пожар. Намерното палење на отворен простор го нарече „предавство" најавувајќи дека "потпалувањето ќе се израмнува со убиство". Во Албанија во јули изгореле речиси 34.000 хектари.

Пожарникарите се борат да го локализираат пожарот во западната провинција Измир, додека густи облаци од чад и пламен ја зафатија пошумената област. Екипите успеаја да ги локализираат неколкуте пожари вклучувајќи го и големиот пожар во северозападната провинција Чанаккале, кој принуди стотици жители да ги напуштат своите домови.

Пожарникарите и екипите за итни случаи во вторник ја продолжуваат борбата со шумскиот пожар лоциран во северозападниот регион Галиција во Шпанија, кој уништи близу 3.500 хектари, според локалните власти. Жителите на некои населени места со тешки срца гледаа како пожар ги зафаќа ридовите во близина на нивните домови. Температурите достигнуваат во Шпанија и до 44 степени.

Над 60 лица со помош на чамци и бродови се евакуирани од две плажи во северозападниот дел на грчкиот остров Иос каде што пожарот е вон контрола, а слична е ситуацијата и во регионот Ахаија на Пелопонез во околината на градот Патра, каде што се евакуирани низа населени места, а пожарникарите водат битка со огнените јазици и на Закинтос и во близина на Превеза. Пожарникарите низ целиот Балкан, Шпанија, Португалија, Грција и Турција се борат со пожари, а на некои места сериозни проблеми имаат и со ветрот. Топлотен бран ги крена температурите над 40 степени .

И додека некои имаат проблем со пожарите други наоѓаат начини да се разладат. Локалното население и туристите ги има во голем број на Јахорина во близиана на Сараево. Тие уживаат во нешто по студениот воздух, прошетките, а некои се разладуваат и во планинските езера кои се со бистра и чиста вода. Од друга страна граѓаните на Келн истотака бараат начин како да се разладат на високите температури за нив од 30 и нешто степени.

Средбата меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе се одржи в петок во Енкориџ, Алјаска, соопшти Белата куќа. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, на прес-конференција. Таа навести дека постојат планови Трамп да ја посети Русија во иднина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Путин сака договорот за прекин на огнот да вклучува повлекување на Украина од 30-те проценти од територијата на регионот Донецк што сега ја контролира. Тој повтори дека Украина нема да се повлече.