Едно лице загина, шестмина се повредени при нагло слетување на воздухопловен балон во Холандија

Едно лице загина, а шестмина се повредени при нагло слетување на воздухопловен балон во холандската покраина Фрисланд, објавија медиумите, повикувајќи се на регионалните служби за итни случаи.
Според нив, инцидентот се случил вчера на поле во близина на селото Де Хеве околу 21 часот по локално време. Според Кралското холандско воздухопловно здружение, балонот нагло се спуштил за време на пристапот кон слетувањето поради силен налет на ветер, како резултат на што кошот почнал да отскокнува и пет лица испаднале од него. Повредените се однесени во болници.
Во времето на инцидентот на балонот имало 34 лица.
На местото на инцидентот биле испратени два хеликоптери за воздушна амбуланта, 14 амбулантни возила, мобилен медицински тим и тим за итни случаи на Црвениот крст. Околностите на несреќата ги истражува воздухопловната полиција.
МИА
Ново на Сител
-

Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, ги објави парламентарните избори за 28 ноември
-

Арагчи ги предупреди САД да се воздржат од нови воени авантури
-

МВР со низа превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување пожари и кражби
-

Пакетот закони за високо образование прифатени од матичната собраниска комисија, одат на натамошно читање
-

Четири лица лишени од слобода, вкупно седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Гаши: Да се разјасни случајот со постапувањето кон пратениците на граничниот премин Ќафасан
-

Авионско прскање против комарци утре во Скопје
-

Хита: Полицијата пронашла законски пречки за едно лице на „Ќафасан", останатите што го придружувале сами одлучиле да не го продолжат патувањето
