Македонија
15. August 2025 - 12:20

Охрид и Струга нудат услови за конгресен туризам

Охрид и Струга нудат идеални услови за развој на конгресниот туризам .Хотелиерите се повеќе инвестираат во изградба и осовременување на конгресните сали како би можеле да им излезат во пресрет на гостите кои одлучиле токму кај нив да ги одржат своите семинари и конгреси но недостига голема конгресна сала каде би имало по неколку илјади посетители .

Развојот на конгресниот туризам оди во нагорна линија на брегот на езерото се одржуваат голем број конференции, семинари и конгреси кои ја продолжуваат сезоната.

Конгресниот и културниот туризам според хотелските работници туризмот може да се развива во текот на целата година.