Муцунски: Каква и да е одлуката на Уставен, нема да влијае на преговарачката рамка
Владата нема да ја коментира иницијативата за оценување на уставноста на Протоколот со Бугарија додека Уставен не донесе конечна одлука. Независно од одлуката каква и да биде нема да влијаае на стратешката определба за членство во ЕУ или врз содржината на преговарачката рамка вели, министерот Муцунски.
И опозициската СДСМ ќе чека одлука на Уставен. За Сител велат до конечна одлука нема да коментирааат.
Подносителката Лилјана Поповска бара ништовност на Протоколот. Како аргументи за иницијативата се што тој не е ратификуван во Собранието, не е објавен во дадениот уставен рок во „Службен весник”, а не е испочитувана ниту процедурата за негово договарање, усвојување од страна на Владата и потпишување. Прекршени се 19 члена од законските решенија за негово усвојување по седум основи.
Поповска во изјава за Сител вели дека доколку со оваа иницијатива Утавен го прогласи за ништовен Протоколот, таа ќе иницира и нова иницијатива за оспорување и на дел од заклучоците на македонското собрание кое даде зелено светло за информацијата за самата преговарачката рамка, каде јасно се споменува Протоколот.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар