Дворот на УКИМ речиси празен: Без големи гужви почнаа уписите на факултетите
Без големи гужви почнаа уписите на факултетите. Според конкурсот на УКИМ, место има за над 9.700 нови студенти. Дворот пред правен, економски, филозофски и филолошки денеска на пладне беше тивок и невообичаено празен, иако трите факултети вкупно имаат точно 3 илјади слободни места. Сепак, оние кои побрзаа да се запишат уште првиот ден, секој со своја замисла, возбудени почнуваат нова етапа во животот.
„- Зошто баш правен?
-Сакам да бидам правник, бидејќи работиме со луѓе, им помагаме“
„- На психологија, на филозофски. Ме интересира психологијата и како работат луѓето и мозокот“
„- Зошто вие се одлучивте на економски?
-Јас завршив средно економско и заради тоа.
-Јас гимназија завршив, ама ме интересира тоа“
„- Зошто се запиша на економски?
-Не знам, искрено, тоа ми беше желба“
Слична беше сликата и пред техничките факултети. Без многу метеж и чекање. На ФИНКИ има 1.020 слободни места, а на Факултетот за електротехника и информациски технологии 590.
„- На роботика се запишав. Мислам дека во иднина тоа ќе го бараат најмногу.
-Очекуваш на време да завршиш, без одлагања, без презапишување, без нервози?
-Да. Нервози ќе видиме тоа...“
„- Зошто на ФИНКИ?
-Па заради математика.
-Сакате математика?
-Да.
-Има гужва внатре како изминативе години, има голем интерес?
-Па мислам дека како претходниве години, не до толку“
„- Зошто ФИНКИ е вашиот избор?
-Заради парите“
Над 4.600 кандидати имаат можност да влезат во државна квота и да плаќаат 200 евра годишно, а околу 4 илјади со конфинасирање на студиите од 400 евра. Иста сума ќе плаќаат и вонредните студенти.
Вториот уписен рок ќе биде на 11 и 12 септември, а третиот рок на 24 септември.
-
Мартин Арсов
Сите содржини од овој новинар