Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија
Само ако се сериозни кандидати кои ќе имаат поддршка од граѓаните, а не само два потписа би требало да влезат во трката за изборно соочување на претстојните локални избори, смета вицепремиер Изет Меџити кој ќе ја бара довербата на чаирчани. Не смета дека ќе настане хаос со долги изборни листи, поради можноста секоја да може да се кандидира со потписи на најмалку двајца избирачи.
И првиот човек на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски очекува демократски процес. Не гледа проблем што независните кандидати ќе можат со два потписа да се кандидираат на локалните избори.
И покарај можноста која ја определи ДИК, независните од Зелен Хуман град не отстпуваат од идејата за политички субјект со кој ќе влезат во изборната трка. Според нив, само на тој начин можат да обезбедат сигурно учество на изборите.
Со новото упатство на ДИК, секој кој сака да стане кандидат за советник или градоначалник, со минимум потребните потписи, може да го искористи своето право во следните 14 дена.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар