Македонија
24. August 2025 - 16:52
Изградбата на депонијата во Новаци се одвива бавно
Активностите за изградбата на регионалната депонија во Новаци каде што ќе се одлага отпадот од Југозападниот регион се одвиваат многу бавно .Граѓанските активисти посочуваат дека станува збор за децениски проблем со кој дивите депонии со години трујат цели градови , мерните станици секојдневно регистрираат загадувања, а загрозено е и здравјето на граѓаните .
Со оглед на слабата еколошка свест од страна на граѓаните екологистите алармираат во меѓувреме да го селектираат отпадот и да го одлагаат соодветно и подалеку од нивниот дом.
До отворањето на Регионалната депонија во Новаци што е предвидено за 2027 година, општините мора да изнајдат начини за намалување на загадувањето од дивите депонии.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->