Македонија
25. August 2025 - 12:21

Се поголем бројот на пловила

Се поголем бројот на пловила во Охридското езеро. Со луксузни глисери и помали јахти вредни илјадници евра плови македонскиот џет сет но и странците а особено атрактивни се катамараните и автентичните кајчиња при свадбените церемонии, за превезување на младите и нивните гости, не ретко вљубените млади токму на среде езеро се запросуваат, венчаваат, регистрираат, некои дури и прават свадби.

Матов сопственик на катамарани вели дека иако има поскапување оваа сезона сепак тие остануваат привлечни со истите цени.

Бројката на пловилата во текот на летните месеци е далеку поголема, а по завршетокот на сезоната, голем број од овие пловила се или однесени во посебни објекти за чување за време на зимската сезона, или се чуваат од страна на сопствениците.