Македонија
26. August 2025 - 12:16
Дрвокрадците не запираат
Дрвоградците не запираат. Се пустошат огромни површини букова и дабова шума на планините без дозволи на различни локации.
Последиците од неконтролираната сеча се огромни се јавува ерозија на земјиштето појава на свлечишта и поплави. Граѓаните бараат засилени контроли и поголеми казни за несовесните.
Екологистите посочуваат дека за подобрување на состојбите потребни се поголеми и почести пошумувања но и зголемување на свеста кај граѓаните .
Над 40% од македонската територија е под шуми. Но, колкави ќе бидат загубите ќе покажат најновите анализи .
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->