Македонија
27. August 2025 - 12:16

Прилеп утре повторно ќе добие јавен градски превоз по пауза од 3 дена поради штрајк на вработените во ЈП за ПУП

Прилеп утре повторно ќе добие јавен градски превоз по пауза од 3 дена поради штрајк на вработените во ЈП за ПУП за неземена плата за месец јули. Директорор на ова јавно пртетпријатие, Бранко Нешкоски, истакна дека кон вработените се заклучно со 21 овој месец се исплатени сите плати и додатоци на плата. Најголем проблем за доцнењето на платите бил големиот долг од неколку милиони денари кои средните училишта го имаат кон јавниот превоз, а кој долг сега го сервисира општината.

Овој проблем кој го има во цела Македонија, според Нешкоски ќе го имало се до промена на начинот на пресметка на овие блок дотации од МОН.

„Но има најави дека таа методологија на пресметување од 2026 година ќе биде променета. Врз основа на вистинските потреби на училиштата, ќе се направи анализа, колку километри се поминуваат, колку деца има, која е усвоената цена на Советот на Општина Прилеп и вистинската реалната цена ќе биде исплатена. Така што училиштата нема да бидат доведувани во ситуација како сега да не може да си платат струја, да не може да реновираат таму каде има потреба, да не можат да исплатат за јавен превоз...“, истакна Бранко Нешкоски, директор на ЈП за ПУП Прилеп.

Инаку од 1 септември ЈП за ПУП ќе пушти уште 3 нови релации со 5 минибуси во прилепско, кон регионот на Канатларци, Тополчани-Чепигово, и делот на селата Селце-Штавица-Волково, кои освен ученици од овие средини ќе ги превезуваат и жителите.

„Ќе ги превезуваат учениците од средното училиште од тие населени места, да ги носат во градот и пак да ги враќаат дома, а со тој превоз ќе може да се возат и ѓителите од тие региони и тоа по цена како учениците, која е утврдена со одлука на Совет на Општи на Прилеп“, додаде Нешкоски.

За да нема повеќе штрајкови со синдикатот на СУТКОЗ бил постигнат договор платите да се исплаќаат секој  15-ти до месецецот, а во бруто платата да влезат и додатоците на плата.