Македонија
27. August 2025 - 16:41

Филипче: Нема сценарио за хаос на избори

Немало, ниту постојат сценарија за дестабилизација на државата, опозицискиот лидер Венко Филипче одговори на обвинувањата на премиерот Мицкоски дека СДСМ и ДУИ подготвуваат хаос на изборите. Ваквите тврдењата на премиерот ги оценува како неуспех од водењето на сопствените политики.

Сепак предупредува дека можноста со 2 потписа да се стане кандидат на изборите, може да доведе до хаос со изборните листи. По вториот круг на локалните избори не ја исклучува соработката со албанскиот блок партии.

За владејачката ВМРО ДПМНЕ признанието на Филипче само потврдило дека  СДСМ не ја напушта коалицијата со ДУИ.

По објавените фотографии како заеднички со екс премиерот уживаат во Грција, ги отфрли обвинувањата дека поседува недвижнини и други луксузни добра во странство. ВМРО ДПМНЕ го повика наместо да глуми жртва на пропаганда, да ја каже вистината.

Опозицискиот лидер со обвинувања и за економската политика на Владата. Ја оцени како најлошата во историјата,без мерки за цените, ниски плати и зголемување на сиромаштијата.

ВМРО ДПМНЕ со контра аргументи - не може да зборува за стандарди, кога СДСМ беше партија кој ја донесе најголемата инфлација, најскапа струја, сиромаштија и задолжување.

До крајот на следната недела ќе ги објави имињата на сите кандидати со кои СДСМ влегува во изборната трка. Најавува чесна и позитивна кампања време на изборите, со фокус на локалните проблеми.