По растот на БДП во првиот квартал, Мицкоски очекува растот да продолжи во вториот и третиот квартал годинава
Од почетокот на годинава, како и во претходните два квартали од минатата година, Македонија бележи континуиран раст на бруто домашниот производ (БДП), кој е еден од највисоките во Европа, истакна премиерот Христијан Мицкоски при посетата на општина Кавадарци и нагласи дека позитивните резултати има во сите главни економски сектори, посочувајќи континуиран раст во земјоделството, туризмот, извозот и индустриското производство.
-Првиот месец од третиот квартал, јули, во градежништвото имаше огромна реализација и динамика на капитални проекти, истакна Мицкоски во одговор на новинарско прашање и додаде дека индустриското производство има стабилен раст од 4,1 процент во континуитет цела година. Додаде дека најмногу радува растот во преработувачката индустрија, која, според него, носи најголема додадена вредност.
Премиерот изрази оптимизам дека овој раст ќе продолжи и во вториот и третиот месец од третиот квартал, што ќе донесе солиден раст на БДП со очекуван раст во вториот квартал по растот од 3,2 отсто во првиот.
-Овие резултати што ги гледаме како бројки денеска ќе се почувствуваат многу скоро во реалниот живот. Она што е важно е дека немаме повеќе политички моќници кои што напаѓаат бизниси кои што се успешни, немаме повеќе криминал, корупција, изнуда, ниту проценти. Нема се е она што беше наша заложба – да го ослободиме бизнисот од сето она што претходно значеше тортура, потенцира Мицкоски.
Според него ако Македонија се управуваше вака повеќе од три децении, денеска би била најмалку три пати побогата. Нагласи дека задачата на оваа генерација е да го исправи пустошот од минатото.
МИА
Ново на Сител
-
Групна тепачка во Батинци, учествувале 11 лица, употребени и остри предмети
-
ЦУК: Вкупно 12 пожари на отворен простор, два активни, еден под контрола и девет изгаснати
-
Пожарот кај Вардариште ставен под контрола, постепено се вклучува струја во Аеродром и Ново Лисиче
-
Телефонската линија 192 повторно е во функција
-
Четири лица, меѓу кои две малолетни тешко повредени откако се преврте автомобил на автопат
-
Папата повика на прекин на огнот во Украина: „Оружјето мора да замолчи“
-
СВР Скопје: Поради технички причини не е во функција телефонскиот број 192
-
Поради пожар на Вардариште без струја Аеродром и Лисиче