Изгаснат пожарот во прилепската населба Варош
Изгаснат е пожарот што избувна попладнето во близина на манастирот „Свети Архангел Михаил“ во прилепската населба Варош. Прилепските пожарникари остануваат на терен за да ја следат ситуацијата. Горела сува трева, а биле зафатени и две дрва, но нема никакви други штети на околни објекти во населбата Варош.
Според заменик-командирот на прилепската противпожарна единица Виктор Стојчески, за пожарот добиле пријави околу 15:45 часот. Бил зафатен простор со сува трева под манастирот во близина на патот во населбата Варош.
-Испративме две екипи со вкупно пет возила и 15-тина пожарникари. Голем проблем беше ветрот, но потоа ни помогна дождот во сузбивањето на оваа огнена стихија. Нема зафатено објекти, ниту други градби. Сепак нашите екипи остануваат дежурни на теренот, ни рече Стојчески.
Пожарот е изгаснат околу 17 часот. Според Стојчески, голем е сомнежот дека е намерно предизвикан за ветрот да го рашири.
МИА
Ново на Сител
-
Групна тепачка во Батинци, учествувале 11 лица, употребени и остри предмети
-
ЦУК: Вкупно 12 пожари на отворен простор, два активни, еден под контрола и девет изгаснати
-
Пожарот кај Вардариште ставен под контрола, постепено се вклучува струја во Аеродром и Ново Лисиче
-
Телефонската линија 192 повторно е во функција
-
Четири лица, меѓу кои две малолетни тешко повредени откако се преврте автомобил на автопат
-
Папата повика на прекин на огнот во Украина: „Оружјето мора да замолчи“
-
СВР Скопје: Поради технички причини не е во функција телефонскиот број 192
-
Поради пожар на Вардариште без струја Аеродром и Лисиче