ЦУК: Вкупно 17 пожари на отворен простор, два се активни, четри под контрола, а 11 се изгаснати
На територијата на државава заклучно со 18:30 часот има вкупно 17 пожари на отворен простор, од кои два се активни, четри се под контрола, а 11 се изгаснати. Активни се пожарите во Општина Долнени кај селата Ропотово и Рилово каде гори мешана шума, и во Општина Липково кај село Никуштак каде гори деградирана нискостеблеста шума, информира Центарот з ауправување со кризи (ЦУК).
Под контрола с еставени пожарите во селата Долгаец и Стровија во Општина Долнени каде гори нискостеблеста вегетација, на Депонијата Вардариште во Општина Гази Баба каде гори ѓубре, на планината Кожуф во Општина Гевгелија каде има приземен пожар, и во Повеќенаменското подрачје Јасен во Општина Македонски Брод каде гори мешана шума.
Изгаснати се пожарите во Општина Кичево село Цер (деградирана нискавегетација), Општина Мак Брод села Поповјани и Арангел (запалено стрниште), Општина Илинден село Кадино (ниска вегетација и бали слама), Општина Гостивар село Дебреше (деградирана ниска вегетација), Општина Гостивар село Чегране (деградирана ниска вегетација), Општина Кривогаштани село Славеј (деградирана нискостеблеста вегетација), Општина Прилеп село Лагово (деградирана ниска вегетација), Општина Демир Хисар село Кутретино (запалена депонија) Општина Куманово село Ропалце (запалено стрниште), Општина Куманово покрај автопатот према ГП Табановце (деградирана ниска вегетација) и Општина Старо Нагоричане: Етно Село (запалено ѓубре).
МИА
Ново на Сител
-
Собрание: На 10 септември седница на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР и надзорна посета во просториите на АНБ
-
ОЈО ГОКК биле во АНБ
-
Зеленски: Во Украина ќе бидат распоредени илјадници странски војници
-
24-годишник полово злоупотребувал 5 годишно девојче со кое бил во роднинска врска
-
Трамп: Ја изгубивме Русија поради најцрната Кина
-
Рама: Албанските, косовските и македонските туристи се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи
-
Кошта: Разумно е да и гарантираме на Северна Македонија дека ќе нема нови барања
-
Честитка од Трамп до Сиљановска Давкова за Денот на независноста