Свет
9. September 2025 - 13:54

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

Делови од центарот на словачкиот главен град – Братислава денеска се евакуирани откако при градежни работи беше откриена бомба од Втората светска војн, соопштија официјални лица.

Вонредната мерка опфати неколку блока во центарот на Братислава, вклучувајќи го и големиот мост над реката Дунав. Јавниот превоз и целиот сообраќај беа прекинати за време на утринскиот шпиц.

Експертите планираа до пладне да ја деактивираат бомбата од 225 килограми, која беше откриена вчеравечер.

Рафинерија за нафта се наоѓа во областа беше цел на сојузничкото бомбардирање во 1944 година за време на војната. Словачка беше нацистичка марионетска држава за време на Втората светска војна.

 

МИА