Преглед на вестите од светот
Чарли Кирк, влијателен активист близок до американскиот претседател Доналд Трамп и извршен директор на „Turning Point USA“ (TPUSA), беше застрелан околу 12 и 30 по локално време, за време на настан на Универзитетот Јута Вали.
Снимките што кружат на социјалните мрежи го покажуваат моментот кога е застрелан додека зборува под шатор на кампусот. Во исто време, студентите бегаат во паника од звуците на огнено оружје. Кирк настапуваше таму како дел од турнејата American Comeback Tour, организирана од локалниот огранок на TPUSA.
Универзитетската полиција го истаржува настанот, а осомничениот е уапсен, се вели во соопштението.
Тој беше сакан и почитуван од сите, особено од мене, а сега, тој повеќе не е со нас, напиша Трамп, а во чест на Чарли Кирк, вистински голем американски патриот, наредувам сите американски знамиња низ Соединетите Американски Држави да бидат спуштени на половина јарбол до недела навечер во 18 часот“, додаде Трамп.
По нарушувањето на полскиот воздушен простор за сега реагираше само рускиот вршител на должноста амбасадор во Полска, Андреј Ордаш. Тој истакна дека Полска не доставила никакви докази кои укажуваат дека се соборени руски дронови. Ордаш потврди дека по инцидентот е повикан во полското Министерство за надворешни работи.
Полскиот премиер, Доналд Туск, изјави дека земјата е поблиску до воен конфликт од кога било досега од Втората светска војна, додека Варшава и сојузниците на НАТО размислуваат за одговор на упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, предупреди на „реален ризик“ од ескалација на украинскиот конфликт надвор од границите на земјата откако руски дронови беа соборени над полска територија. Епизодата „повторно го потврдува регионалното влијание и реалниот ризик од ескалација на овој разорен конфликт“, изјави Стефан Дужарик, портпарол на генералниот секретар на ОН.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар