Дурмиши: Растот на минимална плата треба да се одреди од економскиот развој, продуктивноста и трошокот за живот
Mинималната плата сe одредува од еконмскиот развој, зголемување на продуктивноста и нивото на трошок за живот. Ад хок предлог за зголемување без економска покрепа и без да се направи анализа ќе направи директен притисок кај малите и средни претпријатија кои се столбот на економијата, вели министерот за екомонија и труд Бесар Дурмиши во одгвор на пратеничко прашање.
Како последица на ова, додаде тој, ќе произлезе отпуштање на многу работници, како и повторно зголемување на инфлацијата и зголемување на цените кои ќе влијаат на социјалните случаи или сиромашните семејства.
Тој вели дека предлогот на опозицијата предвидува минималната плата ад хок да се зголеми на 30 илјади денари и оти тоа не е можно без претходно да бидат исполнети потребните услови.
-Првично имаме една формула како се одредува минималната плата - 50 проценти од зголемување на претходната плата и зголемување трошокот на животот претходната година. Овој механизам е во склад со синдикатите, работнците и е еден кој е во практика и во Европа и кај нас. Ги штити работниците, обезбедува ги обезбедува интерсите и реалните капацитети на домашната економија. Во врска со минималната, ако ги споредиме искуставата од Еуростат нашата земја е на средина на Европа. На крај најмала минимнална плата имаат Албанија, Србија и Бугарија. Ние сме зад Хрватска, Словенија и Полска, рече Дурмиши одговарајќи на прашањето на пратеничката од СДСМ Јована Тренчевска за зголемување на минаималната плата.
Тој вели дека како Влада презеле многу мерки за стабилизирање на инфлацијата и раст на екомонијата.
-Според нашите информации во август 2025 година инфлацијата била 4,4 проценти. Годишно 4,1 значи во цените на малопродажба и имаме мало зголемување од 0,2 проценти. На цените сме постигнале со мерките кои ги имаме да ги стабилзиираме. Сакам да ве потсетам во времето кога вие бевте на власт во 2022 година инфлацијата беше 14,2 проценти. Во 2023 година беше 9,4 проценти. Значи овие се цифри кои сериозно му отежнуваат на семејниот буџет на граѓаните додека денес во 2025 и овој месец за кој зборуваме инфлацијата е преполовена и е стабилна, рече Дурмиши.
Ова, додаде, не е случајност, туку е резултат на конкретните чекори кои ги презеле како власт со цени кои се уредени и каде е најнеопходно да се излезе во пресрет на семејствата.
- За оваа учебна година имаме мерка која е активна, ја обезбедивме семејната кошница, секое семејство да заштеди од 2000 до 3000 денари. Најголемиот притисок кој произлегува од прехранбените производи е од претходната власт значи домашното производство го намали и донесе субвенции на непотребни места и без стратегија. Исто така имаме и прехранбени производи кои се на берза светска берза и како Влада таму не можеме да влијаеме, рече министерот за економија и труд.
Тој истакнува оти сите мерки кои ги презело Министерството не се неосновани. Напротив, вели, сме покажале одговорност, сме спровеле политики кои носат стабилност на цените, стабилност на економијата.
МИА
Ново на Сител
-
Јавните обвинители со апел до политичарите
-
Русија: Мировните преговори со Украина се паузирани
-
Орбан: Полјаците се до гуша во војна
-
Ангелов: Криминалистичка полиција влезе во ЈП „Дрисла“ за утврдување евентуално учество од внатре во подметнување на пожарот
-
Трамп: Осомничениот за убиството на Чарли Кирк е уапсен
-
На Комплексот клиники „Мајка Тереза“ уапсена 46-годишна жена барана со потерница
-
Дурмиши: Растот на минимална плата треба да се одреди од економскиот развој, продуктивноста и трошокот за живот
-
Евробарометар: Малтежаните силно ја поддржуваат македонската и албанската кандидатура за членство во ЕУ