Македонија
15. September 2025 - 11:01

Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски цели на скопскиот аеродром

Запленети се 204 банкноти и монети за колекционерски цели, чија вредност е проценета на 700 илјади денари. Случајот е откриен од страна на царинските службеници на Меѓународен Аеродром Скопје, при контрола на патник, државјанин на САД.

- Патникот иако со себе носел поголема количина пари за колекционерски цели се упатил на зелениот канал. Поради сомневање бил селектиран на детална контрола, при што во двата куфери и во торбите што ги носел со себе биле откриени банкноти и монети за колекционерски цели, информира денеска Царинската управа.

Против патникот е поведена соодветна постапка до надлежниот суд.

 

МИА