Трамп задоволен од средбата со Кинезите во Мадрид: Важниот состанок мина многу добро
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска, по трговскиот состанок меѓу САД и Кина во Мадрид, на неговата социјална мрежа Truth Social напиша дека разговорите поминале добро и дека се блиску до договор.
„Големиот трговски состанок во Европа меѓу САД и Кина помина МНОГУ ДОБРО! Наскоро ќе биде заклучен. Постигнат е договор и за „одредена“ компанија што младите луѓе во нашата земја навистина сакаат да ја спасат. Тие ќе бидат многу среќни! Ќе разговарам со претседателот Си во петок. Врската останува многу силна!!!“, напиша Трамп на Truth Social, очигледно мислејќи на апликацијата ТикТок.
Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, денеска изјави дека во трговските преговори со Кинезите во Мадрид е постигната рамка за договор за оваа апликација, што ќе го отвори патот за нејзино пренесување во американска сопственост.
Бесент додаде дека дополнителни детали ќе бидат утврдени в петок, на состанокот меѓу Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг
МИА
Ново на Сител
-
Меѓународна конференција за односите меѓу Западен Балкан и Кина
-
Зеленски упати барање до Трамп и предупредување до НАТО
-
Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи
-
Шест месеци од трагедијата во „Пулс“ – „Марш за Ангелите“ во Кочани
-
Аксиос: Израелската армија започна копнена офанзива за освојување на градот Газа
-
Трамп: Не знаев за израелскиот напад врз Катар
-
Претежно сончево и топло време
-
ФБИ: ДНК пронајдена на местото на убиството на Кирк му припаѓа на осомничениот Робертсон