ИЈЗ: Нема отстапки во вредностите за радијација во воздухот и почвата по пожарот во Трубарево, ниту тешки метали во водите
Нема отстапување во вредностите по однос на радијација во мострите што се земени за анализа од воздух и почва, а не се регистрирани ниту тешки метали во примероците од вода од засегнатото подрачје по пожарот во Трубарево. Резултатите за радијација во водите и тешки метали од почвата се очекуваат во текот на утрешниот ден, информираат од Институтот за јавно здравје.
ИЈЗ, нагласуваат оттаму, е во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и другите надлежни институции од државата.
-Во текот на вчерашниот ден испративме обучен експертски тим од Институтот за вонредна контрола во засегнатото подрачје. Земени се примероци (мостри) од вода, почва и воздух за испитување на радиоактивност, како и примероци од вода, водовод, бунари, почва за физичко хемиска анализа. Во текот на денешниот ден, во ИЈЗ добиени се резултати од воздух и почва, од примероците за испитување на јонизирачко зрачење (радијација) и истите се во нормални референти вредности, без отстапување. Резултатите од мострите од вода за испитување на јонизирачко зрачење, согласно методата по која се испитува ќе бидат достапни во текот на утрешниот ден, појаснуваат од ИЈЗ.
Според резултатите, во примероците (мостри) од вода по однос на физичко хемиската анализа, нема одстапувања во вредностите по однос на тешки метали. Во земените примероци од вода постои единствено индикатор за зголемена содржина на органски материи во подземната вода кои се од друго потекло.
По однос на примероците земени од почва за присуство на тешки метали, Од ИЈЗ најавуваат дека резултатите согласно методата на испитување ќе бидат достапни во текот на утрешниот ден.
Завчера во Трубарево избувна голем пожар во објект во кој се чувал електронски отпад.
МИА
Ново на Сител
-
ИДФ: Над 350 илјади Палестинци евакуирани од градот Газа
-
Луксембург најави признавање на палестинска држава
-
Пожар рано утрово во сервис за возила пред Пинтија
-
Меѓународна конференција за односите меѓу Западен Балкан и Кина
-
Зеленски упати барање до Трамп и предупредување до НАТО
-
Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи
-
Шест месеци од трагедијата во „Пулс“ – „Марш за Ангелите“ во Кочани
-
Аксиос: Израелската армија започна копнена офанзива за освојување на градот Газа