Македонија
17. September 2025 - 12:20
Збогум Буково - Приоритет заштита на животната средина
Заштита на животната средина и изградба на регионална депонија каде што ќе се складира отпадот да биде приоритет бараат од Зборум Буково. Од граѓанската иницијатива апелираат до сите кандидати за градоначалници да се заложат и да стават акцент на депонијата Буково која години наназад се пали и го загадува целиот регион.
Дивите депонии се закана и за Струга, каде мештаните често алармираа за тешката миризба која што го загрозува нивното здравје. Мора да се изнајдат начини во најкраток можен рок да се надмине овој проблем додека се изгради регионална депонија да се уреди просторот кај Буково.
Екологистите бараат трајни и одржливи решенија за дислоцирање на депониите од населените места, со што ќе се заштити здравјето на граѓаните.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->