Македонија
18. September 2025 - 17:58

Делови од Карпош и Центар утре без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги информира граѓаните дека, на ден 19.09.2025 година без вода ќе бидат делови од општина Карпош и Центар.

Без вода утре од 9 часот ќе останат корисниците лоцирани на улиците „Будимпештанска“, „Осло“, „Љубица Георгиева“, „Бањалучка“,„Хашка“ и дел од „Женевска“ во општина Карпош, поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф-1“ и дефект на затварач од Ф-100мм.

Поради изведување на водоводен приклучок Ф 80“ на улица Пиринска бр.31, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Пиринска и дел од ул.Ленинова од 09:00 часот до завршување, општина Центар.

 

МИА