Македонија
23. September 2025 - 12:21

За три месеци 94 сообраќајни незгоди

За три месеци 94 сообраќајни несреќи, три жртви и околу 5600 издадени патни налози на подрачјето на СВР Охрид бележи статистиката на полицијата. И оваа летна туристичка сезона најкритични точки со случени сообраќајќи се патот Охрид - Кичево и Ќафасан - Струга.

Бројките се аларманти и покрај засилените полициски контроли ,како што посочува портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски сепак одреден дел на возачи не ги почитуваат сообраќајните знаци на патните правци.

Од охридската полиција најавија дека сообраќајните контроли и во текот на наредниот период ќе бидат засилени и апелираат до учесниците во сообраќајот на крајна внимателност при управувањето со моторните возила и почитување на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација.