Македонија
23. September 2025 - 12:21

Повеќе од 5.000 апликации за земјоделски субвенции во Струмица

Зголемен интерес за субвенции во Струмичкиот регион.

Годинава се поднесени 5.063 апликации за директни плаќања, што е за околу 500 повеќе во однос на минатата година, покажуваат податоците од подрачната единица на Министерството за земјоделство.

Како главни причини за овој позитивен тренд се посочуваат навремената исплата на субвенциите, подмирувањето на заостанатите обврски кон земјоделците, како и засилениот ангажман на владата и ресорното министерство во поддршката на земјоделскиот сектор.

Земјоделците аплицирале речиси за сите култури, но најзастапени се градинарските, кои традиционално се одгледуваат на подрачјето на Струмица и регионот.

Покрај зголемениот интерес за директните плаќања, расте и заинтересираноста  за останатите мерки што стојат на располагање преку Програмата за рурален развој и ИПАРД фондовите.

Од подрачната на МЗШВ посочуваат дека се повеќе земјоделци се информираат и подготвуваат документи за аплицирање, но поради изборниот процес, реализацијата на овие програми ќе продолжи по завршувањето на изборите.

Во меѓувреме, се очекува до крајот на следната недела во Струмица да пристигнат и новите картички за зелена нафта кои се дел од мерката „Помош за поддршка на трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација“.