Македонија
26. September 2025 - 16:39
Околу 170 бубрежно болни чекаат трансплантација
Околу 170 бубрежно болни од кои најмладиот има само 15 години чекаат трансплантација на бубрег. Во изминатите години направени се 4 кадаверични трансплантации, 8 пациенти добија бубрег од починат донор. Бројката на пациенти со хронична бубрежна болест е некаде околу два посто од вкупното население.
Во Македонија има околу 1400 пациенти на дијализа, а годишно бројката расте. Од Здружението Нефрон укажаа за потребата од трансплантации на органи од починати дарители.
Докторите велат дека има застој во трансплантациите будејќи за донорот да биде валиден мора да буде исклучиво мозочна смрт.
Од Здружението Нефрон бараат зголемување на бројот на кадаверични трансплантации, подобрување на дијализата и реновирање на центарот за трансплантација.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->