Најмалку 10 лица загинаа, а над 430.000 жители на Филипини се евакуирани поради тајфунот Буалој
Тајфунот Буалој, локално познат како Опонг, ги погоди источните делови на Филипини со обилни дождови и силни ветрови, при што загинаа најмалку 10 лица, а повеќе од 433.000 жители се раселени, соопштија властите денеска.
Буалој синоќа погоди делови на покраината Источен Самар со постојани ветрови од 120 километри на час и удари од 165 километри на час, информираше државната метеоролошка служба.
Денеска тајфунот уште пет пати ја зафати земјата, во провинциите Масбате, Ромблон и Ориентален Миндорo, пред да ослабне во силна тропска бура. Моментално ветерот достигнува до 110 км/ч со удари до 150 км/ч.
Според заменик-администраторот на националната служба за цивилна заштита Бернардо Рафаелито Алехандро, седум жртви се удавиле во поплави и бранови во три општини во провинцијата Билиран. Во Масбате загинале 16-годишно момче по уривање на ѕид, 30-годишен маж затрупан од паднато дрво и 6-годишно дете кое се удавило.
Пријавени се и 13 исчезнати – деветмина рибари и четири постари лица однесени од бранови.
Тајфунот урна покриви, собори далноводи и дрвја, а куќи изградени од лесни материјали се целосно уништени. На социјалните мрежи се споделуваат снимки од поплавени крајбрежни села.
Од раселените, повеќе од 330.000 се во регионот Бикол, а останатите во Источен Висајас и провинциите Оксидентален и Ориентален Миндорo, Мариндуке, Ромблон и Палаван.
Во околу 30 провинции, вклучувајќи го и регионот на Манила, се издадени предупредувања за бура. Некои од нив неодамна беа погодени и од тајфунот Рагаcа, кој усмрти 12 лица и расели речиси 25.000 жители.
Поради невремето затворени се училишта и државни институции, а морскиот сообраќај е стопиран, при што 9.149 патници останаа заглавени во 119 пристаништа во седум региони. Цивилната авијација информираше дека се откажани над 100 домашни летови.
МИА
Ново на Сител
-
Трамп: Близу сме до договор за крај на војната во Газа и ослободување на заложниците
-
Успешна спасувачка мисија на Водно, две лица безбедно пронајдени и евакуирани
-
Најмалку 10 лица загинаа, а над 430.000 жители на Филипини се евакуирани поради тајфунот Буалој
-
Масовен протест во ОН: Околу сто делегати ја напуштија салата на почетокот на говорот на Нетанјаху
-
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ
-
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава
-
Исчезнат полски државјанин на Водно, активирани тимови за потрага и спасување
-
Алиу: Немам информација дека овошјето и зеленчукот од Трубарево не треба да се јадат