Мирен протест во Атина во рамките на генералниот 24-часовен штрајк

Под главниот мото „Не за 13-часовно работно време“, најголемите грчки синдикати на вработените во јавниот сектор (АДЕДИ) и во приватниот сектор (ГСЕЕ), организираа мирен и обемен протест во срцето на Атина во рамките на денешниот генерален штрајк, со цел да го покажат своето незадоволство од новиот закон за работни односи, извести дописничката на МИА од Атина.
На демонстрациите учествуваа работници од различни индустрии, како и студенти, кои дефилираа по атинските улици се до плоштадот Синтагма и грчкиот Парламент.
Посебна почит и солидарност, демонстрантите искажаа кон Панос Руци, таткото на Денис, кој трагично го загуби животот во железничката несреќа кај Темпи и кој веќе 17 дена штрајкува со глад, барајќи правда за својот син.
Руци, имајќи предвид дека се наоѓаше токму на Синтагма, беше префрлен на друга локација од безбедносни причини, во случај да се случат нереди на протестот.
“Криминалот во несреќата кај Темпи да не се прикрие, Панос да добие правда”, беше главниот слоган пред Парламентот во знак на поддршка на Руци.
Студентите, покрај за Руци, испратија и порака за поддршка на палестинскиот народ, исто како и голем број демонстранти кои со палестински знамиња извикуваа „Слобода за Палестина“.
На штрајкот присуствуваа и челниците на опозициските партии ПАСОК, СИРИЗА и Нова левица, за да ги поддржат синдикатите во нивните барања.
Одделен протест, како што е вообичаено за време на генералните штрајкови, организираше синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија на Грција, а присутен беше генералниот секретар на партијата.
Поради 24-часовниот генерален штрајк, Грција денес е без бродски и железнички сообраќај, Атина е без такси превоз, а проблеми има и во јавниот транспорт, бидејќи метрото, автобусите, трамваите и тролејбусите функционираат само неколку часа.
Штрајкот е поради новиот закон за работни односи, кој според синдикатите предвидува и 13-часовно работно време, бараат повлекување на одредбите за регулирање на работното време, намалување на работното време, но и целосно враќање на слободните колективни преговори.
МИА
Ново на Сител
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
-

Божиќна честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко - скопски епарх
-

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја
-

Поради неисполнување на хигиенски услови, затворени девет новогодишни куќарки во струшката чаршија
-

Тројца тетовчани се обиделе да измамат полицајци со лажна сообраќајка
-

МФ: Трезорот продолжува со редовна исплата на налози, исплатени субвенции, плати, К-15 и капитални расходи
-

Владата ќе донира 100 нови комби возила за Македонска пошта
