-->
-->
Валверде нема да игра за Уругвај против Доминиканската Република и Узбекистан
-->

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде, нема да игра за репрезентацијата на Уругвај во октомвриските средби, објави „ESPN“.
Отсуството на 27-годишникот од репрезентацијата на Уругвај не е поради повреда или несогласување. Тоа е заедничка одлука помеѓу играчот и селекторот Марсело Биелса.
Уругвајската репрезентација ќе игра пријателски натпревар против Доминиканската Република на 10 октомври и против Узбекистан на 13 октомври.
Уругвај претходно се квалификуваше за Светското првенство во 2026 година.
Валверде постигна осум гола и има две асистенции на 71 натпревар за репрезентацијата.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Амазон блокира илјадници пријави за работа сомневајќи се дека апликантите се севернокорејски агенти
-

Како ЕУ за 15 години стана „Должничка Унија“ со долг од 670 милијарди евра
-

Елмас и Наполи го освоија Супер купот на Италија
-

Нејмар успешно опериран
-

Реал лидер според заработката од телевизиски права
-

Зеленски очекува Русија да изврши големи напади по Божик
-

Полска ги подигна борбените авиони поради руски напад врз цели во западна Украина
-

Ким и неговата ќерка отвораа хотели
