Српскиот претседател ја пречека Фон дер Лајен пред Палатата Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја пречека утрово пред палатата Србија, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета на Србија.
За фон дер Лајен беше одржан свечен пречек. Како што најави Претседателството, по приемот ќе следи тет-а-тет средба меѓу Вучиќ и фон дер Лајен по што претпладнево ќе следуваат изјави за медиумите.
Фон дер Лајен пристигна во Белград синоќа, по нејзината официјална посета на Босна и Херцеговина. Вучиќ синоќа изјави дека секоја посета на Фон дер Лајен има посебно значење за Србија и дека претставува уште еден чекор во насока на зајакнување на соработката и довербата меѓу Србија и ЕУ.
Тој додаде дека со неа ќе разговара за стратешки важни прашања за европскиот пат на Србија, реформите, моментумот во европската политика на проширување и заедничките напори за зачувување на стабилноста и мирот во регионот.
Последен пат Фон дер Лајен беше во Белград кон крајот на октомври минатата година, како дел од нејзината годишна турнеја низ земјите од регионот.
Taa претпладнево ќе има средба и со српскиот премиер Ѓуро Мацут.
Според најавите од Брисел, една од главните теми на дискусија во Белград е Планот за раст на Западен Балкан, кој беше претставен минатата година како начин за приближување на земјите од регионот кон ЕУ. Една третина од средствата ќе бидат доделени, останатите се поволни кредити, но само ако двапати годишно Европската комисија процени дека договорените реформски мерки се спроведени.
„Големо задоволство ми е да ѝ посакам топло добредојде на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Белград. Секоја нејзина посета има посебно значење за Србија и претставува уште еден чекор во насока на зајакнување на соработката и довербата меѓу нашата земја и Европската Унија“, напиша синоќа претседателот Вучиќ на Инстаграм.
„Особено сум благодарен за нејзината лична посветеност и поддршка што со години ѝ ја дава на Србија на нашиот реформски и развоен пат“. Србија поднесе два извештаи за спроведените реформи.
МИА
Ново на Сител
-

Избори за ректор на УКИМ – ќе се гласа за кандидатите Биљана Ангелова и Дарко Данев
-

Информативна сесија за примената на Законот за работно ангажирање на лица
-

ФИФА има намера да ги промени правилата за дисквалификација од жолти картони за СП 2026
-

Претседателот на Швајцарија во дводневна посета на Србија
-

„Си-Ен-Ен“: САД ќе прифатат само договор што исклучува можност Иран да дојде до нуклеарно оружје
-

Манчестер јунајтед го победи Брентфорд и обезбеди пласман во ЛШ следната сезона
-

Светски ден за безбедност и здравје при работа, лани во државава 132 несреќи при работа, 31 со смртен исход
-

Тошковски на промоција на Протокол за лица без државјанство
