УЈП: Навремено да се поднесати ДДВ-04 пријавите и да се плати даночниот долг за третиот квартал од 2025 година

Управата за јавни приходи упатува повик до сите даночни обврзници: поднесете ги ДДВ-04 пријавите и платете го даночниот долг за изминатиот даночен период навреме и одговорно. Поради скратената работна недела, даночните обврзници располагаат со пократок рок за навремена подготовка и поднесување на даночните пријави и плаќање на даночниот долг. Законскиот рок за поднесување и плаќање на ДДВ-04 пријавите е 25 октомври (сабота), а бидејќи е неработен ден, истиот се поместува за првиот нареден работен ден – понеделник, 27 октомври 2025 година, се вели со соопштението на Управата за јавни приходи, коешто МИА го објавува интегрално.
Во овој период се поднесуваат месечни и тримесечни ДДВ-04 пријави, па во таа насока апелираме до даночните обврзници обврските да се исполнат навремено и да не го чекаат последниот ден од законски утврдениот рок, со цел да се избегне преоптоварување на системот и можни технички пречки во последен момент.
Важно е да се напомене дека поднесувањето на пријавата без истовремено плаќање на долгот не ги исполнува законските обврски. Само со целосно точно и навремено поднесување на пријавата и плаќање на обврските, се избегнуваат дополнителни камати, санкции и непотребен стрес.
Навременото исполнување на даночните обврски не само што придонесува за финансиска стабилност на деловните субјекти, туку и за правилно усогласување со даночните прописи, што е од клучно значење за стабилноста и ефикасноста на даночниот систем. Делувајте одговорно и исполнете ги обврските на време за да придонесете кон стабилна и функционална даночна практика.
Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации или поддршка можат да се обратат на: Е-пошта: info@ujp.gov.mkТелефонски броеви: •Од фиксна линија: 0800 33 000 •Од мобилен телефон: 02 3253 200 Управата за јавни приходи останува достапна за сите ваши прашања, со цел навремено и успешно исполнување на вашите даночни обврски.
МИА
Ново на Сител
-

ССМ пред Владата ќе бара зголемување на минималната и сите останати плати
-

Средната возраст на населението во земјава 42,21 година, во ЕУ 44,9
-

Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата
-

Трамп: Куба е банкротирана држава и треба да склучи договор со САД
-

Зеленски: Русија подготвува масовни напади врз украинската инфраструктура
-

Еден мртов и двајца тешко повредени во напад со нож во Сиднеј
-

Дожд, снег, засилен северен ветер и пад на температурите
-

Укината забраната за камиони на Стража и на патот Маврово - Дебар
