Минчев: Како коалиција сме во завршна фаза на нов закон каде ќе има употреба на јазиците на етничките заедници

Како коалиција веќе сме во завршна фаза на нов закон каде ќе има употреба на јазиците на етничките заедници, вели Горан Минчев, министер за јавна администрација и генерален секретар на Движењето ЗНАМ за наша Македонија.
Минчев вечерва во гостување во „Тема на денот“ се осврна на очекувањата за вториот изборен круг на локалните избори истакнувајќи оти не верува дека има атмосфера на неподдршка во рамки на коалицијата, по укинувањето на алатката „Балансер“, којашто истакна дека е одлука на Уставниот суд.
- Не сме ускратиле ние, тоа е одлука на Уставниот суд. Ние напротив, како коалиција веќе сме во завршна фаза на еден нов закон каде ќе има употреба на јазиците на етничките заедници, кој во овој момент е во Венецијанската комисија. Така што, тоа е само перцепција. Не верувам дека ќе има атмосфера на неподдршка во рамки на нашата коалиција, но тоа е и плод на минатите парламентарни избори каде што ДУИ со својот пи-ар и нашата конкретна политика дека ДУИ е неприфатлив партнер во Владата, наметна таков став во јавноста што апсолутно не е така. Безброј пати докажавме дека градиме држава за сите граѓани од која било етничка заедница и се гордееме со тоа. Во прилог на тоа беше и нашата платформа што ја предложивме за единство не само на македонскиот народ туку и на сите етнички заедници, рече Минчев.
Тој очекува до крајот на годинава да биде изгласан и законот за висока раководна служба.
- Првиот пакет четири закони веќе го донесовме, сега имаме нови три. Во правда интензивно се работи, министерот прави одлична работа, таму има пакет од 22 закони коишто се во разични фази на донесување. Министерството за јавна администрација оди со пакет на три нови закони, за висока раковдона служба, за плати и за органзиација на државата служба што се носи со двотретинско мнозинство. Мисла дека до крајот на годинава ќе успеме да го донесеме законот за висока раководна служба, рече Минчев.
Ново на Сител
-

Тошковски: Толеранцијата на „Безбеден град“ ќе биде идентична со полициските радари
-

Нови зборови за новото време: Мисија на „Зборци“ | Виктор Бучковски | Sitel Podcast 132
-

Магла на планинските премини Стража, Плетвар и Крушево, сообраќајот се одвива по влажни коловози
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
