ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

Во тек е разгледувањето на 16 приговори кои се доставени до Државната изборна комисија (ДИК) за постапките за гласање и за сумирање на резултати во три општини - Брвеница, Шуто Оризари и Карпош.
Членовите на ДИК едногласно го отфрлија приговорот доставен од кандидатот за градоначалник Хаќим Рамадани за Општина Брвеница за пет избирачки места во оваа општина. Ангелчо Ристов член на ДИК образложи дека приговорот содржи правно неформални недостатоци, бидејќи е поднесен од кандидат за градоначалник, а според законот треба да го поднесе подносителот на кандидатската листа. Членовите на ДИК приговорот го отфрлија како недозволен.
За Општина Шуто Оризари поднесени се 13 приговори, од кои 10 се од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО- ДПМНЕ, а три приговори се од Сојузот на Роми.
Од страна на ДИК беше отворен избирачкиот материјал за Избирачко место 29 56, бидејќи имало сомнежи за несовпаѓање на две гласачки ливчиња. Откако беа преброени гласачките ливчиња од гласањето на избирачкото место, неискористените гласачки ливчиња и целокупниот изборен материјал, членовите на ДИК констатираа дека нема утврдено гласачко ливче повеќе, и ова не претставува основа за поништување на гласањето на ИМ 29 56 во Општина Шуто Оризари. Според нив, единствено што треба да се направи промена е бројот на гласовите за кандидатот со реден број 9 кој има два гласа помалку, а неважечки ливчиња не се осум, туку се вкупно 10. Членовите на ДИК овој приговор го одбија.
Во тек е броењето на гласачките ливчиња и анализа на целиот изборен материјал за ИМ 29 71 во Општина Шуто Оризари, а за кој подносител е коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Членовите на ДИК на 156 седница разгледуваат 16 приговори за општините Брвеница, Шуто Оризари и Карпош.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Градежните активности се одвиваат во полн ек
-

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа
-

За една седмица „Безбеден град“ констатирал 4490 сообраќајни прекршоци, за 10% помалку од предходната седмица
-

ССМ утре пред Владата ќе ја реализира последната блокада за зголемување на платите
-

Две Гркинки украле козметички производи од Трговски центар во Аеродром
-

Скопјанец ги нападнал мајка си и сопругата
-

Од вечер повторно врнежи, кои наместа ќе бидат пообилни
-

Мобилните царински тимови во 2025. со 271 случај на заплени
