Началникот на Генералштабот, Лафчиски на Координативната конференција на командантите на јужното крило на НАТО

На покана на командантот на Командата на здружени сили - Неапол (Joint Force Command Naples - JFC Naples), делегација на Армијата предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денеска до 19 ноември ќе учествува на Координативна конференција на командантите на јужното крило на НАТО, која ќе се одржи во Неапол, Република Италија.
На конференцијата ќе учествуваат началниците на генералштабовите на армиите од регионот и претставници од партнерските земји на НАТО, а ќе се дискутира за теми од стратешко значење за Алијансата, регионалните планови на НАТО, како и активностите под надлежност на Здружената команда на НАТО силите во Неапол.
Како што информира Канцеларијата за воени односи со јавноста на ГШ на Армијата, конференцијата ќе заврши со церемонија на примопредавање на должноста Командант на JFC Naples, на која адмирал Стјуарт Манч ќе ја предаде должноста на адмирал Џорџ Викоф.
МИА
Ново на Сител
-

Либанската армија се повлекува од своите позиции во близина на границата со Израел
-

Вкупно 473 наши државјани досега ги контактирале ДКП-ата во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

ОЈО: Мајката и детето биле заклучени сами во станот, едно лице e задржано во полициска станицa
-

Патниот правец Ќафасан - Елбасан денеска повторно отворен за сообраќај за сите видови возила
-

Кина повика на зачувување на безбедноста во Ормускиот теснец
-

Денеска средба Трамп-Мерц во Вашингтон
-

Почуствуван земјотрес во Тетово
-

Сончево и свежо утро, максимална температура до 20 степени
