Започна конзервацијата на фрескоживописот на црквата откриена над селото Банско
Зографското богатство од црквата на локалитетот Мал Кајаси на Беласица наскоро ќе биде достапно за пошироката јавност. После девет години од откривањето на црквата, која се наоѓа на 550 метри надморска височина над селото Банско, Струмичкиот завод и музеј започна со конзервација на фрескоживописот. Со обработката на преку 3000 фрагменти беше откриена главната сцена во црквата, посветена на Успението на Пресвета Богородица, како и делови од ктиторски портрет и натпис на старословенско кирилско писмо.
Археологот, д-р Душко Цветанов вели дека толку богат фрескоживопис во фрагментирана форма е вистинска реткост. Според него, конзервацијата значи потврда плус за духовниот живот и развојот на средновековното сликарство во регионот.
Црквата на локалитетот Мал Кајаси беше откриена во 2017 година. Таа се наоѓа во непосредна близина на комплексно утврдување изградено во доцната антика кое било во употреба и во средниот век и најверојатно служела за духовните потреби на населбата. Според првичните сознанија, црквата е изградена кон крајот на 12 или почетокот на 13, а била употребувана и во 14 век.
Конзервацијата на фрескоживописот се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура.
-
Зоран Ѓеогриев
Сите содржини од овој новинар
