Loading Video...
Свет
3. January 2026 - 16:47

САД ја нападна Венецуела и го зароби Мадуро

Америка ја нападна Венецуела и го зароби Претседателот Мадуро и неговата сопруга. Во 2 часот наутро по локално време американските ракети погодија дел од воената инфраструктура на Венецуела. Владата во Каракас тврди дека иа жртви но не соопшти бројки. 

Американскиот Претседател Трамп ги потврди информациите.

„Соединетите Американски Држави успешно извршија голем воен удар врз Венецуела и нејзиниот лидер, претседателот Николас Мадуро, кој заедно со својата сопруга е заробен и пренесен надвор од земјата. Операцијата е спроведена во координација со американските органи за спроведување на законот.“ – напиша Трамп на социјалните мрежи. 

Американски воени извори потврдуваат дека излекувањето на Мадуро го спровеле неколку командоси на елтината единица Делта. До овој момент нема информации каде се наоѓа тој ниту каква е неговата состојба а потпретседателката на Венецуела побара доказ од Вашингтон дека Мадуро се уште е жив. 

Официјален Каракас нападот го нарече воена криминална агресија и најави отпор

“Како последица на тоа, мажите и жените на Боливарските национални вооружени сили, постапувајќи по инструкциите на граѓанинот Николас Мадуро Морос, уставен претседател на Боливарската Република Венецуела и наш врховен командант, ќе ги активираат сите свои капацитети за сеопфатна одбрана на нацијата.

Со цел повторно воспоставување на редот и мирот, на целата национална територија ќе биде активирана целосна народна, воена и полициска координација, при што се става во функција масовно распоредување на сите копнени, воздушни, поморски, речни и ракетни вооружени системи за одбрана“

Нападот наиде на остри осуди од традиционалните венцеулски сојузници. Русија обвинува за акт на агресија против суверена држава и грубо кршење на меѓународното право. Официјален Пекинг повика на почитување на суверенитетот без мешање во внатрешните работи на други држави а Иран го обвини Вашингтон за државен тероризам.

Европската Унија повика на воздржаност. Високата претсавничка за надворешна и безбедноста политика Каја Калас на социјалните мрежи напиша дека разговарала со државниот секретар Рубио и дека одблиску ја следи состојбата.

„ЕУ во повеќе наврати потврди дека Мадуро нема легитимитет и дека го поддржуваме мирниот трансфер во Венецуела. Сепак, во сите околности мора да се почитуваат принципите на меѓународното право и Обединетите нации. Повикуваме на воздржаност.“ – напиша Калас на социјалните мрежи. 

Мадуро со години е фокус на американската надворешна политика која официјално го обвинува за поддршка на нарко картели, корупција и глобална трговија со дрога. Во САД тој е под обвинение повеќе од 6 години а од лани летото, неговата глава се бараше со награда од 50 милиони долари. 

Трамп веќе неколку месеци распоредува носачи и подморници на Карибите кои целат на венецуелски бродови за кои тврдат дека пренесуваат дрога. 

Но светските аналитичари велат дека тоа е само повод, додека причините лежат во длабоки гоеполитички игри кои американската администрација со години ги игра во овој дел од светот. 

Се потсетува дека Венецуела е земјата со најголеми потврдени нафтени резерви во светот и истовремено традицонален сојузник на најголемите американски непријатели, Русија, Кина и Иран.