Ѓорческа ја мина првата пречка во квалификациите на Австралија опен

Најдобрата македонска тенисерка со триумф ги почна квалификациите за Австралија опен. Таа во првата рунда ја елиминираше четвртата носителка Синја Краус од Австрија со 2:0 во сетови (7:5 и 6:0) за 62 минути.
Ѓорческа и Краус на почетокот од мечот водеа неизвесна борба, а првиот брејк го направи австриската тенисерка (108 на ВТА ранг-листата) и потоа стигна до предност од 4:2 во гемови. Во деветтиот гем Ѓорческа спаси две сет топки и намали на 5:4, а во следните три гема на противничката и препушти само два поена.
Во вториот сет македонската тенисерка ја продолжи серијата со освојување гемови и со претходните три стигна до девет гемови во низа откако вториот сет го освои без загубен гем.
Следна противничка на Македонката е Тамара Зиданшек од Словенија, која со 2:0 ја победи Французинката Џесика Понше.
Ново на Сител
-

Маж од скопско три дена ја киднапирал, тепал и силувал својата поранешна партнерка
-

Зеленски: Ситуацијата во Иран не ѝ дозволи на Русија да има корист од конфликтот
-

Поради зафати, делови од општина Центар утре без струја и вода
-

Владата донесе мерки за стабилизирање на цените на ѓубривата и заштита на земјоделците
-

Трамп: САД се подготвени за воена акција против Иран
-

30-годишна жена физички нападната од поранешната свекрва во струшката чаршија
-

Почина новинарката Лилјана Алтипармакова
-

Група малолетници со балон полн со вода погодиле мотоциклист, кој потоа застанал и физички ги нападнал
