Свет
15. January 2026 - 8:30

Трамп: Украина го успорува евентуалниот мировен договор

Претседателот на САД, Доналд Трамп во вчерашното интервју за новинската агенција Ројтерс изјави дека Украина, а не Русија го забавува евентуалното склучување на мировен договор.

Според него, рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да ја заврши речиси четиригодишна инвазија на Украина, додека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е порезервиран.

- Мислам дека (Путин) е подготвен да склучи договор. Мислам дека Украина е помалку подготвена да склучи договор, наведе Трамп.

Тој, на прашањето зошто сè уште не е решен најголемиот копнен конфликт во Европа од Втората светска војна, одговори – „Зеленски“, одговори Трамп.

МИА