Македонија
22. January 2026 - 13:08

Маж ставил 16-годишно момче во багажник бидејќи му ја мавал колата со топки снег

На 21.01.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје, Е.Б.(36) од Скопје пријави дека околу 12:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од едно лице, кој насилно го турнал во багажниот простор од неговото патничко возило и барал од него да му каже кој удирал со снежни топки по неговото возило.

Според пријавеното, тој физички го нападнал и неговиот другар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.