Македонија
23. January 2026 - 14:32

Шест лица од Тетово довиле кривична откако учествувале во тепачка

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.И.(34), Б.И.(30), В.И.(29), Ј.Б.(37), Џ.Б.(30) и Ј.Џ.(63), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 05.11.2025 во с.Желино, тетовско, по претходна расправија помеѓу Ј.Џ. и Б.И., Ј.Џ. се обидел со метален предмет да го нападне Б.И., но биле разделени.

Подоцна, расправијата прераснала во физичка пресметка помеѓу сите пријавени, при што Ј.Џ. со огнено оружје му упатил закани на Б.И., соопшти МВР.