Состојба на патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
АМСМ исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта. Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот период, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
АМСМ потсетува дека од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
MИА
Ново на Сител
-

На Попова Шапка изутринава минус еден степен, во Гевгелија 8
-

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени парични казни од 618 илјади евра
-

Мелони запрепастена од изјавите на Трамп за војниците на НАТО во Авганистан, бара „почитување на улогата на сојузниците“
-

Состојба на патишта
-

Крводарителска акција во чест на хуманоста на Тоше Проески
-

СЗО жали за повлекувањето на САД
-

ЕУ и Советот на Европа договорија создавање тим за формирање на Специјален суд за агресијата врз Украина
-

Облачно време со повремен дожд, слаб снег на повисоките планини
