Loading Video...
Свет
26. January 2026 - 16:32

Преглед на вестите од светот

Снежната бура во Соединетите Американски држави однесе најмалку 13 животи, со смртни случаи регистрирани во Луизијана, Тексас, Тенеси, Канзас и Њујорк. Бурата донесе снежни врнежи, замзрнат дожд и екстремно ниски температури кои наместа се движат и до минус 30 степени Целзиусови.

23 сојузни држави  прогласија вонредна состојба. Најпогодени се Алабама, Џорџија, Кентаки, Мичиген, Њујорк, Охајо, Тенеси. Тексас и вирџиија. Над еден милион  домакинства се  без струја. Голем број училишта  ги откажаа наставните часови или преминаа на онлан настава а засолништата работат со максимално пополнет капацитет. Бурата го наруши и воздушниот и копнениот сообраќај. Властите ги повикаа луѓето да останат дома и да избегнуваат патување..

- Тоа е најдобриот совет. Држете се подалеку од патиштата. Ќе бидат лизгави, заледени, покриени со снег. И ако можете да останете дома на овие екстремно ниски температури и опасни патишта, вие и вашето семејство ќе бидете многу, многу побезбедни. Ова е сигурно најстуденото време што сме го виделе, најстудената зимска бура што сме ја виделе со години. 

Снежната покривка  донесе радост кај децата , но не остави рманодушни ниту возрасни.

- Го сакам снегот. Секоја година со нетрпение го очекувам ова годишно време и ова е најмногу снег што сме го имале подолго време. Ова е моето омилено годишно време вели ДЈУК БАТЛЕР, 38-ГОДИШЕН ЖИТЕЛ НА ЊУЈОРК

- „Уживам, ми се допаѓа како луѓето се здружуваат кога врне снег. ЛОРЕН ШУТЛЕР, ЖИТЕЛКА НА ВАШИНГТОН, ДЦ.

За северните држави во наредните денови се прогнозираат температури опасни по живот, дури и до минис 45 степени Целзиусови.

Американскиот претседател Трамп изјави дека неговата администрација ке спроведе деталната истрага отккао агентите за имиграција смртно  застрелаа  демонстрант во Минеаполис во саботата.

Независна истрага бараат и републикански фукциониери како гувернерот на Вермонт, Фил Скот и сенаторите откако федерален имиграционен службеник го уби Алекс Прети, 37-годишен жител кој учествувал во протести против федералните операции на имиграционата полиција.

Инцидентно се случил за време на протестите  на кои житечите бараат агентите за имиргација да го напуштат градот.  

Министерството за внатрешна безбедност (тврди дека агентите дејствувале во самоодбрана откако Прети, за кого велат дека имал пиштол, се спротивставил на обидите да го разоружаат. Сепак, очевидци, локални службеници и семејството на жртвата ја оспоруваат таа верзија, велејќи дека тој држел мобилен телефон, а не оружје.